Трансферот на Калафиори во Арсенал има нов проблем: Сега и Рома бара процент од парите!

July 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Трансферот на Калафиори во Арсенал има нов проблем: Сега и Рома бара процент од парите!

Трансферот на Калафиори во Арсенал е пред сама реализација каде се чекаат финалните детали. Но, сега овој трансфер доби нови проблеми и дилеми во однос на тоа на кој тим колкав процент од парите треба да му припадне. Имено, сега и Рома бара дел од парите каде се заканува и со тужба. Рома во 2022 година го продаде Рикардо Калафиори на Базел во 2022 за сума од 2,5 милиони евра, како и 40% од следната продажба. Кога пак Базел го продаде дефанзивецот на Болоња во 2023 за 4 милиони евра, околу 1,5 милиони евра завршија во касата на клубот од Рим. Проблемот е што сега Рома смета декеа им следуваат 40% и од вториот дел од сумата, односно исплатата од 20 милиони евра која сега Базел ја чека благодарејќи на клаузулата „50% од следниот трансфер“ која ја имаа вметнато пред да го продадат во Болоња. Тука станува збор за сума од осум милиони евра. Се очекува трансферот да биде реализиран, допрва ќе се види како ваквите дилеми ќе бидат решени.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.