Тренер роден во Струмица го однесе својот тим во Ла Лига после 24 години!

June 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тренер роден во Струмица го однесе својот тим во Ла Лига после 24 години!

Фудбалскиот клуб Овиедо конечно го дочека моментот за кој сонуваше цели 24 години – со победа во реваншот од баражот против Мирандес, славниот шпански клуб се врати во елитата, Ла Лига. Голем удел во овој подвиг има тренерот Вељко Пауновиќ – стратег роден во Струмица, кој седна на клупата на тимот пред помалку од три месеци, но направи сензација. Овој успех доаѓа како кулминација на една тешка, но инспиративна сезона за Овиедо, клуб кој своевремено беше редовен учесник во Примера, но подолго време талкаше низ пониските лиги. Под водство на Пауновиќ, тимот доби нова енергија, стабилност и победнички дух кој го однесе назад на големата сцена. За Вељко Пауновиќ, ова е уште еден значаен момент во неговата богата фудбалска кариера. Како фудбалер настапуваше за големи клубови како Партизан, Атлетико Мадрид, Хетафе и токму Овиедо, а како тренер се истакна со успехот со младинската репрезентација на Србија, освојувајќи светска титула до 20 години во 2015. Потоа работеше во Чикаго Фајр, Ридинг, Гвадалахара и Тигрес, пред годинава да го преземе Овиедо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.