Тренер влезе на теренот за да спречи контранапад па си доби црвен картон! (ВИДЕО)

September 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тренер влезе на теренот за да спречи контранапад па си доби црвен картон! (ВИДЕО)

Тренерот на Субиано во шестата италијанска лига Алесио Гидоти направи една невидена глупост и стана популарен на социјалните мрежи. Имено, неговиот тим играше против Понтасиеве па за да спречи контранапад, реши да влета на теренот и да го собори противничкиот играч кој одеше во контра. После ваквиот потег, нормално дека судијата му покажа црвен картон. Гидоти им се извини на противничките играчи и лесно ја прифати казната. Иако клубот размислуваше да му даде отказ на тренерот, сепак тоа нема да се случи. „Во недела сите ние сме љубители на фудбалот и ги гледаме натпреварите водени од нашата страст за играта. Овој прекршок беше неспортски и заслужува казна, која делумно ја доби нашиот тренер. Исто така, убедени сме дека овој инцидент нема никаква врска со насилство и дека нашиот тренер многу жали, се надеваме дека ќе остане на ова“, велат од Субиано.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.