Тренерот на Торино за Елмас: Знаеме каков играч имаме

February 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тренерот на Торино за Елмас: Знаеме каков играч имаме

Елиф Елмас синоќа го постигна својот прв гол во дресот на Торино, но неговиот тим не успеа да избегне пораз од Болоња (2-3). Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 62. минута, а само три минути подоцна маестрално ја затресе противничката мрежа, демонстрирајќи одлична реализација и технички способности. И покрај поразот, тренерот Паоло Ваноли беше задоволен од настапот на Елмас, нагласувајќи дека тој е важен играч за тимот. „Жал ни е што не успеавме да освоиме бодови, но Елмас носи дополнителен квалитет. Покажа што знае во Неапол, а сега го прави истото и кај нас“, изјави Ваноли.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.