Тренерот на Трабзонспор одлучи: Барди повторно во првиот тим!

December 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тренерот на Трабзонспор одлучи: Барди повторно во првиот тим!

Во 15. коло од турскиот шампионат, Трабзонспор одигра 2:2 со Касимпаша, продолжувајќи го низата разочарувачки резултати во сезоната. Откако минатата година завршија на третото место, моментално се наоѓаат на 12-то место во табелата, што ја прави оваа сезона уште поразочарувачка. Според турските медиуми, тренерот на Трабзонспор, Шенол Ѓунеш, по мечот со Касимпаша бил во гнев и одржал 26-минутен говор пред своите играчи. Во него, тој ја прогласил сезоната за загубена, без оглед на можноста тимот да се бори за трофеи во турскиот Суперкуп и Куп. Ѓунеш, како дел од својата стратегија за разбудување на тимот, најавил враќање на четворица играчи во првиот тим, додека некои ќе бидат исфрлени. Меѓу повратниците ќе се најде и капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, кој беше суспендиран и тренираше одделно во последните недели поради лошата форма. Покрај него, во првиот тим се враќаат и хрватското крило Мислав Оршиќ, дефанзивецот Стефано Денсвил од Суринам, како и турскиот напаѓач Умут Бозок. Сепак, некои фудбалери ќе бидат испратени надвор од првиот тим. Ѓунеш донел одлука да ги исфрли хрватското лево крило Борна Баришиќ, стоперот Хусеин Туркмен, десното крило Серкан Асан и играчот за врска Озан Туфан. Овие промени во составот се дел од обидот на тренерот да го разбуди тимот и да го поправи неговиот курс во остатокот од сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.