June 12, 2025 | | Свет
Сонот на Столе Димитриевски да стане прв голман на Валенсија е сè поблиску до распаѓање, откако новиот тренер Карлос Корберан побара ново засилување на голманската позиција. Иако македонскиот репрезентативец веќе имал усмен договор со поранешниот стратег Рубен Бараха, според кој ќе ја преземеше „единицата“ по трансферот на Мамардашвили во Ливерпул, смената на тренерската клупа ја промени целата динамика. Корберан има различна визија, а желба број еден му е Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао – чуварот на мрежата што минатата сезона бранеше на 29 натпревари и кој е сè поблиску до трансфер на „Местаља“. Димитриевски, кој во јануари одлучи да остане лојален на Валенсија и покрај неколку конкретни понуди, сега се наоѓа во незгодна ситуација. Планот што изгледаше како остварување на сонот – да стане прв избор меѓу стативите на еден од најголемите шпански клубови – му се лизга од раце уште еднаш. Сè почесто се споменува можноста да ја промени средината во потрага по тим каде ќе добие сигурна минутажа и доверба.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |