November 24, 2024 | | Свет
Бојан Миовски го одигра својот најдобар натпревар во дресот на Жирона. Тој постигна два гола и запиша една асистенција во победата на неговиот тим против Еспањол со 4-1. По натпреварот, тренерот на Жирона Мишел имаше само пофални зборови за Миовски. „Многу сум среќен за Миовски… Тој е играч што секогаш дава се од себе на тренинзите, беше загрижен што не постигнуваше голови, но јас не се сомневав, тој секогаш дава се од себе за тимот. Му требаше време, а во прилог не му одеа ниту споредбите со Довбик, кој беше наш најдобар стрелец ланската сезона. Бојан е Бојан, не е Артем и луѓето треба да го разберат тоа. Тој денеска покажа извонреден квалитет, верувам дека ќе продолжи во ист ритам, овие голови дефинитивно ќе му дадат мир и ќе го намалат притисокот“, изјави Мичел. На 15 натпревари сезонава постигна четири гола и намести уште за два гола.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |