December 28, 2024 | | Свет
Трент Александер-Арнолд, го Ливерпул дека има намера да премине во Реал Мадрид во летниот трансфер период, пренесува „Marca“. Tој од 1 јануари 2025 година ќе може официјално да преговара со „кралскиот клуб“. Договорот на англискиот дефанзивец со „црвените“ истекува летото 2025 година, што му овозможува да замине како слободен играч. Покрај тоа, Ливерпул, под водство на Арне Слот, има одлична сезона, бидејќи тимот е лидер во Премиер лигата и првопласиран во групната фаза на Лигата на шампионите. Тие исто така се наоѓаат во полуфиналето на Карабао Купот. Меѓутоа, иднината на тројца клучни играчи – Трент Александер-Арнолд, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк, останува неизвесна, бидејќи нивните договори истекуваат летото 2025 година. Салах и Ван Дајк се блиску до продолжување на соработката, но досега, ниту еден од нив не потпишал продолжување со клубот. Реал Мадрид има намера да го ангажира Александер-Арнолд без трансферна сума на лето, наместо да плати висока отштета за неговиот трансфер во јануари. Сепак, ова се информации од медиум близок до Реал Мадрид и допрва се очекуваат информации и од Англија за неговата иднина. Последните информации се дека и Трент има понуда на маса и преговара со клубот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |