October 15, 2024 | | Свет
Даниел Малдини е третата генерација од семејството Малдини во репрезентацијата на Италија. Тој успеа да дебитира во сениорската селекција откако го привлече вниманието со добрите настапи во Монца. Малдини дебитираше на средбата против Израел во Лигата на нации каде го замени Џакомо Распадори на 16 минути до крајот. Интересно е што Даниел Малдини дебитираше на култниот „Фриули“ во Удине, исто како и неговиот татко во 1988 година. „Среќен сум што заиграв и што мечот помина добро. Мило ми е што моите родители ме гледаа“, изјави Малдини.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |