Триумф на Милан, гол на Пулишиќ директно од корнер! (ВИДЕО)

October 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Триумф на Милан, гол на Пулишиќ директно од корнер! (ВИДЕО)

Милан конечно ја запиша првата победа во Лигата на шампиони оваа сезона. Тие славеа со 3-1 против тимот на Клуб Бриж. Откако „росонерите“ запишаа порази против Ливерпул и Баер Леверкузен, вечерва конечно беа запишани првите бодови. Во 34. минута од мечот беше отворен резултатот каде Пулишиќ погоди директно од корнер. Во 40. минута Онједика доби црвен картон и тоа значеше играч помалку до крајот на натпреварот за гостите. Сепак, на самиот старт на вториот дел гостите преку Сабе стигнаа до 1-1. До крајот на натпреварот Милан постигна два гола преку Рејндерс, а малку фалеше во листата на стрелците да се запише и талентираниот Камада, но сепак беше досуден офсајд.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.