April 28, 2025 | | Свет
Карло Анчелоти (65) е сѐ поблиску до крајот на својата втора епизода на клупата на Реал Мадрид. Шпанските медиуми веќе со недели вријат со шпекулации за неговото заминување, а тие дополнително се засилија по драматичниот пораз од Барселона во финалето на Купот на кралот. Италијанскиот стратег, кој првпат го водеше Реал од 2013 до 2015 година, повторно застана на кормилото во 2021 година. За тоа време освои вкупно 15 трофеи и работеше со некои од најголемите ѕвезди на модерниот фудбал. Иако Анчелоти е познат како омилен меѓу играчите, порталот „Defensa Central“ тврди дека три млади офанзивци на „кралевите“ едвај чекаат неговото заминување. Станува збор за Ендрик (18), Арда Ѓулер (20) и Брахим Дијаз (25). Реал има уште пет мечеви во Ла Лига за да се обиде да ја стигне Барселона, која моментално има предност од четири бода. По завршувањето на шампионатот, клубот ќе се натпреварува и на Светското клупско првенство. Не е исклучено Анчелоти да биде сменет уште пред крајот на сезоната. Во такво сценарио, Сантијаго Солари, актуелен директор во клубот, би можел привремено да ја преземе функцијата пред планираното пристигнување на Чаби Алонсо како нов тренер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |