Тудор: Срамно е тоа што ни го направија судиите!

September 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тудор: Срамно е тоа што ни го направија судиите!

Јувентус одигра реми на гостувањето кај Верона (1-1), но вниманието се сврте кон бурната реакција на тренерот Игор Тудор, кој беше крајно незадоволен од судиските одлуки. Хрватскиот стратег најмногу реагираше по досудениот пенал што им донесе водство на домаќините, како и по недосудениот црвен картон за Гифт Орбан, кој со лакт удри Федерико Гати. „Пеналот е срам за фудбалот. Такви одлуки не постојат, тоа може да го свири само човек што никогаш не играл фудбал. А за ударот со лакт – ако ова не е црвен картон, тогаш навистина не знам што е. Да се донесат вакви одлуки со ВАР е срамота“, беснеше Тудор. Тренерот додаде дека играчите дале максимум на теренот, но ваквите судиски грешки можат директно да влијаат врз исходот на натпреварот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.