„Тухел е германски шпион и тој е испратен за да ја уништи Англија“

March 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Тухел е германски шпион и тој е испратен за да ја уништи Англија“

Фудбалската јавност на Островот е во шок поради контроверзната изјава на поранешниот менаџер на Тотенхем, Хари Реднап, кој најновиот селектор на Англија, Томас Тухел, го нарече „германски шпион“. Според Реднап, некогашниот стратег на Челси не дошол да ја води Англија до успеси, туку со тајна мисија – да ја уништи. Назначувањето на Тухел предизвика поделени реакции, главно поради историското ривалство меѓу Англија и Германија. Но, новиот селектор брзо покажа дека знае како да го води тимот, остварувајќи две убедливи победи, 2-0 против Албанија и 3-0 против Латвија. Сепак, Реднап не се двоумеше да го изрази својот сомнеж. „Ми се допаѓаше Герет Саутгејт, но дојде време да освоиме нешто. А сега? Тухел е шпион, ви велам. Испратен е со задача: ‘Оди и уништи ја Англија’. Ова ме потсетува на Лорд Хоу-Хоу за време на војната“, рече тој. (За потсетување, Лорд Хоу-Хоу беше прекарот на Вилијам Џојс, кој во текот на Втората светска војна емитуваше нацистичка пропаганда во Велика Британија.)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.