March 15, 2025 | | Свет
Томас Тухел вчера ја одржа својата прва прес-конференција како селектор на англиската репрезентација, каде објасни некои од своите одлуки за составот за мартовските натпревари на „трите лава“. Новинарите го прашаа дали планира да ја пее англиската химна при нејзиното интонирање пред натпреварите, а тој даде јасен одговор: „Најпрво, да нагласам дека англиската химна е моќна и исполнета со емоции. Чувствувам огромна гордост што ја водам оваа репрезентација“, вели тој. Тој додаде дека сака да го заслужи правото да ја пее заедно со фудбалерите и стручниот штаб. „Ќе го искористам овој период за да ја разберам културата и да стекнам почит од вас и навивачите. Кога ќе дојде моментот во кој ќе кажете дека сум вистински англиски менаџер, тогаш ќе се приклучам на пеењето“, истакна Тухел. Неговиот претходник, Ли Карсли, често беше критикуван затоа што не ја пееше химната со репрезентативците.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |