Тухел забележа победа на дебито, погодуваа Луис-Скели и Кејн (ВИДЕО)

March 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тухел забележа победа на дебито, погодуваа Луис-Скели и Кејн (ВИДЕО)

Англија вечерва запиша победа од 2-0 против Албанија, во натпревар во кој доминираше од почеток до крај, без да му дозволи на противникот сериозно да се закани. Ова беше и дебито на Томас Тухел на клупата на „Гордиот Албион“. Резултатот го отвори Луис-Скели во 20-тата минута, а со овој погодок испиша историја, станувајќи најмладиот дебитант кој постигнал гол за англиската репрезентација. Првото полувреме заврши со минимална предност од 1-0, додека конечните 2-0 ги постави Хари Кејн со погодок во 77. минута. Во истото време вечерва се одиграа и уште четири натпревари од првото коло во квалификациите за Светското првенство. Андора – Летонија 0-1 Малта – Финска 0-1 Полска – Литванија 1-0 Романија – Босна и Херцеговина 0-1

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.