Турам се повреди во најлош можен момент

April 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Турам се повреди во најлош можен момент

Интер ќе мора да се справи без еден од своите најважни фудбалери за тешкото гостување кај Болоња на „Ренато Дал’Ара“. Маркус Турам е отпишан од составот на Симоне Инзаги за дуелот во недела поради мускулна повреда здобиена на реваншот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Иако според првичните прегледи не станува збор за тешка повреда, неизвесно е дали Французинот ќе биде подготвен за средбата со Милан во полуфиналето од Копа Италија, која се игра веќе во среда. Интер има краток рок за реакција, а Инзаги ќе мора да најде алтернатива за играчот кој заедно со Лаутаро Мартинез ја носеше офанзивата на тимот оваа сезона. Во таборот на „нероаѕурите“ сепак владее доза на оптимизам каде очекуваат Турам да биде целосно рехабилитиран до крајот на месецот, кога следи првиот меч против Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите. Сезонава, Турам има одличен учинок: 44 настапи во сите натпреварувања, со 17 постигнати голови и 9 асистенции. Неговото отсуство претставува сериозен удар за Интер токму во најкритичниот дел од сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.