Турбуленции во Реал: Винисиус во конфликт со Анчелоти!

March 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Турбуленции во Реал: Винисиус во конфликт со Анчелоти!

Винисиус Жуниор повторно влезе во конфликт, овој пат со својот тренер. Бразилецот направи нешто што не смееше да си го дозволи за време на натпреварот против Бетис, што веднаш отвори прашања за можен судир меѓу него и Карло Анчелоти. Легендарниот италијански стратег, со три децении тренерско искуство, сигурно нема да го заборави овој ден, и тоа не само поради поразот на својот тим. Во еден момент, додека стоеше крај аут-линијата, Анчелоти му даде тактичка насока на Винисиус – побара од него да внесе повеќе енергија и да ротира позиции со Брахим Дијас. Одговорот на Вини беше шокантен: „Ај, не ме гњави“. Сега е на потег претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез. А шпанска „Марка“ одамна го предупреди Реал за него: „Време е да го продадеш – Вини е проблем, не решение“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.