Историската одбрана на турскиот голман со која се пласираа во четвртфинале! (ВИДЕО)

July 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Историската одбрана на турскиот голман со која се пласираа во четвртфинале! (ВИДЕО)

Голманот на Турција, Мерт Ѓунок ја направи најдобрата одбрана на ова Европско првенство кога во 94. минута имаше неверојатна интервенција при резултат од 2:1 за Турција. Австријците жестоко напаѓаа пред крајот од натпреварот, а во последната акција Баумгартнер со глава шутираше од непосредна близина, а според компјутерските пресметки, голманот имал само шест отсто шанси да го одбрани тој удар. Сепак, Ѓунок покажа дека и тие шест отсто му се доволни затоа што на фантастичен начин со магичен рефлекс го спаси својот гол и на крајот ја однесе Турција во четвртфиналето, првпат после 16 години.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.