Турците историски обезбедија четвртфинале! (ВИДЕО)

July 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Турците историски обезбедија четвртфинале! (ВИДЕО)

Турција успеа да ја шокира Австрија, па иако Австријците беа благи фаворити, Турција направи историја со двата гола на херојот Демирал. Првиот гол падна во 58. секунда во една мешаница пред голот на Турција каде Демирал погоди. Демирал стрелаше и втор пат по асистенција на Арда Ѓулер во 59. минута. Австрија успеа брзо да се врати во натпреварот каде во 66. минута погоди Грегорич на асистенција на Пош. Турција направија историја каде по 16 години се најдоа во четвртфиналето, а ќе се сретнат со Холандија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.