Турските навивачи пак дивеаа, нападнат и раскрварен претседателот на Фенербахче! (ВИДЕО)

August 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Турските навивачи пак дивеаа, нападнат и раскрварен претседателот на Фенербахче! (ВИДЕО)

Фенербахче одигра нерешни 2-2 на гостувањето кај Гезтепе во рамките на второто коло од турскиот шампионат. Фенер водеше 2-0 на полувреме со головите на Един Џеко и Јусеф Ен Несири. Претседателот на Фенербахче Али Коч на полувремето отиде на гостинската трибина да разговара со навивачите кои успеаја да влезат на стадионот. Траеше второто полувреме кога изби тепачката, односно нападот. Летаа секакви предмети кон претседателот на Фенербахче, а едно лице дури и физички го нападна. Фенербахче најави и тужба против непознат новинар (лице со акредитација) кој го нападнал нивниот претседател, а потоа слободно го напуштил стадионот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.