Тврдеа дека се повредени и го одбија Пикси, а во Ал-Хилал нормално тренираат!

September 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тврдеа дека се повредени и го одбија Пикси, а во Ал-Хилал нормално тренираат!

Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ го одбија повикот на селекторот на Србија Пикси за настап во селекцијата тврдејќи дека се повредени. Но, она што е интересно е што саудискиот клуб објави видеа на социјалните мрежи на кои се гледа дека после тренинг во теретана одработија тренинг-натпревар. Селекторот Драган Стојковиќ на следниот натпревар против Србија нема да може да смета на повеќе од половина тим во споредба со оној кој играше на Европското првенство. Очигледно веќе одреден период нешто не е во ред во таборот на српската репрезентација каде неколку играчи веќе се изјаснија дека нема да играат за селекцијата се додека Пикси е селектор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.