September 24, 2024 | | Свет
Фабио Паим беше некогашен светски талент кој не го искористи својот полн потенцијал и кој на само 36 години снима филмови за возрасни.
Своевремено, бил огромен талент за кого дури и Кристијано Роналдо зборуваше кога премина од Спортинг Лисабон во Манчестер Јунајтед.
„Мислите дека сум добар? Чекајте да го видите Фабио Паим“, рекол Кристијано.
Најголем клуб за кој играл бил Челси, а во периодот кога бил млад и на почетокот на својата кариера сметал дека не треба да тренира, дека талентот е доволен за да успее, а бил опседнат со жени и забави.
Тој бил и во затвор за препродавање дрога. Сега успеал да стане и актер во порно филмови.
Паим во едно интервју тврдеше дека бил подобар од Кристијано Роналдо и Меси и дека Роналдо треба да му подари барем една Златна топка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |