Удар за Флик: Араухо ќе паузира до декември!

July 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Удар за Флик: Араухо ќе паузира до декември!

Барселона денеска доби ужасни вести за Роналд Араухо. Тој се повреди на Копа Америка и ќе мора да оди на операција на задната ложа, а ќе го чека пауза од четири месеци. Тој денес пристигна во Барселона на детални прегледи, а се испостави дека настрадала задната ложа на десната нога, поточно тетивата. Уругвај на некој начин ја криеше неговата повреда каде по неговата повреда издадоа кратко соопштение дека се работи за обична повреда, но во Барселона се сомневаа дека нешто кријат и на крај се испостави дека биле во право. Во моментов повредени се и Гави, Педри и Де Јонг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.