Удар за Јувентус: Копмајнерс има скршеница на реброто

October 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Удар за Јувентус: Копмајнерс има скршеница на реброто

Големото засилување на Јувентус, Теун Копмајнерс има скрешница на реброто и би можел да отсуствува и до еден месец. Скоро па сигурно тој ќе го пропушти дербито против Интер на 27 октомври. „Според наодите на лекаите, тој има лесна фрактура на реброто на десната страна “, стои во соопштението на клубот. Во него е наведено дека неговото враќање на теренот ќе зависи од неговото закрепнување.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.