July 4, 2024 | | Свет
Стигнаа лоши вести за Турција откако УЕФА реши да го суспендира Мелих Демирал! Причината за ваквата одлука е начинот на кој славеше гол против Австрија во осминафиналето на Европското првенство и одлучено е тој да биде суспендиран два натпревари. Додека го прославуваше еден од двата гола што ги постигна против Австрија, со што доби статус на национален херој, Демирал ја изрази својата поддршка за турското ултрадесничарско движење наречено „Сиви волци“. УЕФА ја означи неговата прослава како политичка провокација. Два натпревари суспензија значи дека Демирал би го пропуштил и полуфиналето, каде Турција во случај да ја совлада Холандија би играла со подобриот од дуелот меѓу Англија и Швајцарија. Турција веднаш поднесе жалба и ги ангажираше најдобрите адвокати кои работат на неговата одбрана. Тие имаат рок до утре наутро да ја достават одбраната и да се обидат да го добијат случајот на второстепената комисија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |