УЕФА даде објаснување зошто ќе нема натпревар за трето место на ЕП

July 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

УЕФА даде објаснување зошто ќе нема натпревар за трето место на ЕП

Одредени навивачи сигурно се запрашуваат зошто на ова Европско првенство ќе нема да биде одигран за трето место. Затоа, УЕФА реши да даде објаснување за тоа зошто не се организира натпревар за трето место, како што е на пример случај на Мундијалите, но и на Копа Америка. „Натпреварот за третото место се сметаше за непривлечен и затоа повеќе не е дел од Европското првенство. Нема планови за повторно воведување на тој натпревар на ЕУРО“, стои во одговорот на УЕФА за „Bild“. Оваа година Франција и Холандија требаше да играат натпревар за третото место, но истото нема да се случи. Од друга страна, ноќта од сабота кон недела, во 2 часот по македонско време, Канада и Уругвај ќе се борат за 3. место на Копа Америка. Последен пат кога се одигра натпревар за третото место на ЕУРО беше во 1980 година во Италија, кога Чехословачка по подобро изведување пенали го совлада домаќинот Италија, а тогаш Западна Германија беше шампион на Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.