April 11, 2025 | | Свет
Навивачите на Атлетико Мадрид сѐ уште не се помирени со елиминацијата од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите. Клучниот момент беше поништувањето на голот на Хулиан Алварез по изведувањето на пеналите, под изговор дека ја допрел топката двапати. Но, дали судиите донесоа вистинска одлука? УЕФА, обидувајќи се да стави крај на контроверзата, објави видео кое наводно ја докажува исправноста на одлуката. Сепак, тоа не ги убеди сите. Голем дел од фановите на „Јорганџиите“ го доведоа во прашање неговиот интегритет, па дури и започнаа сопствена истрага. Претставници на Меѓународната асоцијација на навивачи на Атлетико се обратија до Европската лабораторија за компјутерска форензика, барајќи независна експертиза на видеото објавено од УЕФА. Извештајот на експертите Педро Тубио и Хосе Луис Ривас донесе силни тврдења. Имено, снимката е монтирана. Според нив, видеото не е оригинално и покажува визуелно клонирање, изменета секвенца на слики и целосно отсуство на звук. „Нашата анализа не се фокусираше на тоа дали Алварез ја допрел топката двапати, туку дали некој свесно интервенирал во видеото“, објасни Ривас, кој беше гостин во редакцијата на весникот Marca. Тој додаде: „Дури и да сум навивач, ние анализираме само врз основа на докази, и заклучокот е јасен, видеото е обработено.“ Ривас објаснува дека прв чекор во секоја анализа е да се провери дали барањето има основа. Тоа им овозможува на експертите да проценат дали клиентот треба да продолжи и колку ќе чини услугата. Во текот на деталната анализа, тие утврдиле дека метаподатоците од видеото биле избришани што иако вообичаено за содржина објавена на интернет, сепак им дало индикатори за потенцијално кодирање и интервенции. „Недостигот на ентропија во видеото укажува дека не се работи за природна снимка. Претпоставуваме дека е рафинирано“, рече Ривас. Во еден од заклучоците, тие велат: „Видеото обезбедено од УЕФА не е автентично бидејќи не потекнува директно од камерата.“ Со ова откритие, прашањето не е само дали судиите постапиле правилно, туку и дали јавноста била доведена во заблуда од страна на највисоката фудбалска институција во Европа.
ATENCIÓN. Apareció el video con el que los árbitros tomaron la decisión de anular el penal de Julián Álvarez. "Aunque fue mínimo, el jugador hizo contacto con el balón con el pie de apoyo antes de patearlo", comunicó UEFA. pic.twitter.com/HvB7tUt4oZ
— Pablo Giralt (@giraltpablo) March 13, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |