July 4, 2024 | | Свет
УЕФА реши да го казни репрезентативецот на Англија, Џуд Белингем поради непристојната прослава за голот во победата над Словачка. И покрај шпекулациите дека би можел да биде суспендиран за натпреварот со Швајцарија, УЕФА реши да го казни само парично играчот од средниот ред на Реал Мадрид. Висината на казната сеуште не е откриена, но тој ќе има право на настап во четвртфиналето каде Англија ќе се сретне со Швајцарија. Тој постигна два гола на ова Европско првенство, исто како Кејн. Англија ќе се соочи со Швајцарија во сабота со почеток од 18 часот, а истиот ден во 21 часот ќе се сретнат Холандија и Турција каде победниците од овие два натпревари ќе играат во полуфиналето.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |