March 13, 2025 | | Свет
УЕФА одлучи да излезе со став околу контроверзниот момент на натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид во Лигата на шампиони, објавувајќи официјално соопштение. „Атлетико Мадрид побара консултација околу инцидентот по кој беше поништен голот од пенал на Хулијан Алварез на синоќешниот натпревар против Реал Мадрид во Лигата на шампиони“ – гласеше известувањето. Според објаснувањето на УЕФА, иако контактот беше минимален, играчот направи допир со топката со ногата на која се потпираше кога шутираше, а тоа јасно се гледа во понуденото видео. „Во склоп на сегашните правила, ВАР мораше да го извести судијата дека голот треба да биде поништен“. Откако Атлетико Мадрид побарал повеќе информации за поништениот погодок, европската куќа на фудбалот понуди докази зошто голот на Хулијан Алварез бил поништен. Дополнително, УЕФА најави дека ќе отвори дискусија со ФИФА и ИФАБ за да се разгледа можноста за промена на правилото во случај двојниот допир на топката да не е намерен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |