УЕФА покрена истрага против Даку поради навредите кон Македонците и Србите

June 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

УЕФА покрена истрага против Даку поради навредите кон Македонците и Србите

УЕФА реши да отвори истрага против албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку, поради навредите кои ги упати против Македонците и Србите, по завршувањето на натпреварот меѓу Албанија-Хрватска. Реагираше и ФФМ која го осуди овој испад и рече дека Даку треба да се извини, како и неговиот клуб Рубин Казан кој рече дека УЕФА е одговорна за евентуална санкција. УЕФА официјално отвори истрага, а Албанецот најверојатно ќе биде и казнет, односно суспендиран. Исто така, УЕФА отвори истрага и за однесувањето на албанските навивачи кои навиваа на натпреварот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.