June 23, 2024 | | Свет
УЕФА донесе одлука и го суспендира албанскиот репрезентативец Мирлан Даку два натпревари заради неговото скандалозно и безобразно однесување по завршување на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска во Хамбург на ЕВРО 2024. Тоа значи дека тој нема да го игра последниот натпревар од групната фаза против Шпанија и евентуално натпреварот од нокаут фазата ако Албанија успее да продолжи понатаму. Ако пак Албанија испадне во групната фаза, казната ќе му биде префрлена на следниот натпревар на селекцијата на Албанија под капата на УЕФА. За потсетување, по завршувањето на натпреварот со Хрватска кој заврши со резултат 2:2, тој ги навредуваше Македонците и Србите, а ги поттикнуваше и навивачите да ги повторуваат неговите зборови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |