УЕФА пресече: Ќе го СУСПЕНДИРА Израел!

September 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

УЕФА пресече: Ќе го СУСПЕНДИРА Израел!

Весникот „Тајмс“ објави информација која може да донесе голем потрес во европскиот фудбал – според нивни извори блиски до УЕФА, Израел ќе биде суспендиран од сите натпреварувања под капата на оваа организација, а одлуката би можела да биде донесена веќе на почетокот на следната недела. Претходно се веруваше дека силното лобирање на САД ќе го спречи исклучувањето на израелските клубови и репрезентации. Но, „Тајмс“ пишува дека Извршниот комитет на УЕФА ќе ја стави оваа точка на дневен ред и ќе гласа за санкции кои ќе го погодат целиот израелски фудбал. Доколку се изгласа суспензија, Израел ќе ја доживее истата судбина како Русија по инвазијата врз Украина – без учество во европските клупски и репрезентативни натпреварувања. Меѓу европската јавност расте притисокот за ваков потег, со аргумент дека Израел не може да продолжи да биде дел од спортот додека трае војната во Газа и сериозните прекршувања на човековите права врз Палестинците.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.