July 13, 2024 | | Свет
Од УЕФА се огласија дека наградата за најдобар стрелец нема да ја добие еден играч доколку има повеќе фудбалери со ист број на постигнати голови. Правилото досега беше дека доколку имаше играчи со ист број на голови, се рачунаа и асистенциите, а доколку и тоа беше исто, тогаш одиграните минути, но тоа веќе е минато. УЕФА реши дека ќе важат само головите, а доколку има повеќе играчи со ист број на голови како што е во моментов, тие играчи ќе ја поделат наградата. На ова Европско првенство по три гола имаат Олмо, Кејн, Гакпо, Микаутадзе, Мусиала и Шранц. Олмо и Кејн имаат шанса да дојдат до некој гол повеќе бидејќи ќе играат во утрешното финале кое започнува во 21:00 часот и ќе биде одиграно на Олимпискиот стадион во Берлин.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |