УЕФА удри по Барселона – казни за Јамал, Левандовски и тренерскиот тим

August 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

УЕФА удри по Барселона – казни за Јамал, Левандовски и тренерскиот тим

Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе сериозни дисциплински мерки против двајца од ѕвездите на Барселона – Ламин Јамал и Роберт Левандовски – поради непочитување на анти-допинг процедурите. Според информациите, двајцата не се појавиле на време на предвиденото место за допинг контрола веднаш по дуелот од Лигата на шампионите против Интер минатата сезона. За прекршокот, секој од нив ќе плати парична казна од 5.000 евра. Санкциите не завршуваат тука – тренерот Ханси Флик и неговиот помошник Маркус Сорг се казнети со по 20.000 евра, како и суспензија од еден месец за натпреварите под капата на УЕФА, поради прекршување на принципите на коректно однесување. Каталонскиот гигант сега се соочува со нова непријатна вест која дополнително го нарушува имиџот пред стартот на новата сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.