September 12, 2025 | | Свет
На последниот состанок на Извршниот комитет на УЕФА беа усвоени повеќе клучни одлуки поврзани со идните натпреварувања. Покрај назначувањето на домаќини за финалните турнири во Лигата на шампионите (машка и женска) во 2027 година и изборот на организатори за големите футсал шампионати, донесен е и значаен амандман во правилникот кој директно ги засега клубовите и играчите. Од сезоната 2025/26 ќе важи ново правило: доколку фудбалер претрпи сериозна повреда или заболување, клубот ќе има право да го замени на пријавениот список за европските натпреварувања. Оваа можност ќе биде дозволена сè до шестото коло во групната фаза на Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига. Со оваа промена, клубовите нема да бидат приморани да играат со намалена ротација доколку изгубат важен играч, туку ќе имаат простор да реагираат и да останат конкурентни. УЕФА ја оправда мерката како заштита и на клубовите и на играчите, истакнувајќи дека густите распореди и се почестите повреди создаваат дополнителен притисок врз здравјето на фудбалерите. Новата регулатива, според европската куќа на фудбалот, треба да донесе поголема рамноправност и флексибилност во текот на сезоната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |