April 23, 2025 | | Свет
Иако тековната сезона во Лигата на шампионите сè уште не е завршена, веќе се разгледуваат конкретни новини за следната натпреварувачка година, кои би можеле драстично да го сменат изгледот на турнирот. Според германскиот медиум Билд, кој имал увид во интерни документи на УЕФА, се подготвуваат три важни правила кои ќе стапат во сила од следната сезона и сè ќе биде официјализирано на состанок закажан за 30 мај. Најрадикалната новина би можела да биде укинувањето на продолженијата. Наместо дополнителни 30 минути по регуларниот дел, нерешените натпревари директно би оделе на пенал-рулет. Овој предлог се очекува да наиде на поддршка од публиката, која често смета дека продолженијата се неефикасни и исцрпувачки. Дополнително, УЕФА размислува за нов систем на предност за домаќините. Имено, екипите кои ќе завршат меѓу осумте најдобри по лигашката фаза, ќе добијат право да бидат домаќини во четвртфиналето и полуфиналето. Оваа промена е инспирирана од кошаркарските формати и има за цел да го награди континуитетот и успехот во групната фаза. Последната предложена измена се однесува на т.н. „заштита на земјата“. Ако се усвои, повторно ќе се забрани тимови од иста држава да се соочат еден против друг во раните елиминациски рунди. Тие би можеле да се сретнат дури во завршните фази, што е враќање на поранешната пракса која беше укината во последниве сезони. Овие промени доаѓаат по воведувањето на новиот лигашки формат со 36 екипи што ја замени досегашната групна фаза, новитет што УЕФА се чини дека сака дополнително да го подобри.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |