Украинците со навреди кон Партизан: „Убиј ги Србите“ (ВИДЕО)

July 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Украинците со навреди кон Партизан: „Убиј ги Србите“ (ВИДЕО)

Партизан со 2-0 ја совлада Олександрија во првиот меч од европските квалификации, одигран на неутрален терен во Полска, но спортскиот аспект падна во сенка на политички инциденти. Дуелот започна со тензија уште пред првиот свиреж – играчите на украинскиот клуб одбија да се поздрават со фудбалерите на Партизан. Атмосферата дополнително се вжешти кога од трибините почнаа да се слушаат скандирања „Убиј ги Србите“, упатени кон белградскиот тим. Ваквиот третман кон Партизан доаѓа откако српскиот клуб неодамна настапи на „Братскиот куп“ во Русија, каде одигра натпревари со московските екипи Родина, ЦСКА и Динамо Москва – потег кој предизвика остри реакции во Украина. И покрај непријатната атмосфера, „црно-белите“ одиграа сигурен натпревар и си обезбедија активен резултат пред реваншот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.