Умтити: Дембеле се лутеше оти никој не го будеше за да доаѓа на тренинг!

July 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Умтити: Дембеле се лутеше оти никој не го будеше за да доаѓа на тренинг!

Поранешниот фудбалер на Барселона Самуел Умтити кој моментално игра за Лил изјави дека кога дошол Дембеле во Барселона, сите очекувале од него тој да го заштити Усман. „Кога и да задоцнеше на тренинг, тренерите прво на мене ми се обраќаа и тоа ми беше малку смешно. Усман е добронамерно момче, но многу работи не разбираше. Во тренинг центарот секоја недела на табла беа истакнати термините за утрешните тренинзи, но Усман повторно доаѓаше попладне. Ми беше смешно бидејќи тој доаѓаше лут бидејќи никој не го разбудил“, вели Умтити. Тој исто така вели дека кога бил во Барселона бил многу добро прифатен. „Бускец многу ми помогна за да се прилагодам на тимот. Иниеста бараше од мене да му испраќам силни топки бидејќи можеше да ги исконтролира“, објаснува тој. Умтити освои Светско првенство со Франција во 2018 година и се со цел да игра на турнирот, одбиваше да оди на операција на колетоно и така ја упропасти својата кариера. После освојувањето на првенството, ништо за него веќе не беше исто.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.