Ужасна сцена: Унгарецот Варга доби удар и остана без свест на теренот (ВИДЕО)

June 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ужасна сцена: Унгарецот Варга доби удар и остана без свест на теренот (ВИДЕО)

Унгарија успеа да издвои победа над Шкотска со минимални 1-0 во последното коло од групата А на Европското првенство, но фокусот беше во повредата на Барнабас Варга. Во 68. минута тој се здоби со ужасна повреда по што итно беше пренесен во болница. Наводно, тој еден момент останал и без свест. Најновите информации  се дека состојбата на Варга е добра и тој сега е свесен и комуницира со докторите. Ќе бидат направени дополнителни тестирања за да се утврди и расчисти целата состојба околу неговата повреда.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.