Уникатен предлог на Платини: Да се игра со 10 играчи наместо со 11 за да биде интересно!

September 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Уникатен предлог на Платини: Да се игра со 10 играчи наместо со 11 за да биде интересно!

Легендарниот Мишел Платини даде интересна идеја за да биде поинтересен фудбалот за гледање. Имено, тој предложи да се намали бројот на играчи на теренот за да има повеќе напаѓачки фудбал. „Можеби треба да повлечеме еден човек и да играме со 10 играчи на теренот. Во 1900 година беа формирани тимови од 11, но во тоа време тие трчаа помалку отколку денес. Тие беа помалку силни, беа побавни. Затоа, можеби би било добра идеја да се ограничи бројот на играчи. Ова ќе ослободи простор на теренот, изјави Платини за „RMC Sport“. Тој додаде дека кога тој играл, фудбалот бил многу поинаков. „Луѓето од мојата генерација повеќе не гледаат фудбал затоа што не се гледаат себеси во играта. Денес се прават повеќе додавања се игра со посед и многу комбинирање. Јас не критикувам. Но, луѓето од мојата генерација, кои се навикнати на напаѓачки фудбал, не гледаат ништо познато во тоа“, додаде тој. Платини е поранешен претседател на УЕФА и трикратен добитник на „Златната топка“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.