Уникатен рекорд: Меси не знае што значи елиминација во група

June 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Уникатен рекорд: Меси не знае што значи елиминација во група

Лионел Меси уште еднаш испиша историја и го зацврсти својот статус на својот 38. роденден, тој влезе во нокаут-фазата на Светското клупско првенство со Интер Мајами, продолжувајќи го својот беспрекорен низ: 33 меѓународни турнири, 33 пати помината групна фаза! Меси не само што победува, туку победува со стил и со континуитет што ги остава и најголемите ривали без зборови. Никогаш елиминиран во група? Тоа е статистика која делува нереално, но токму затоа Лионел е повеќе од играч. Овој рекорд, запечатен на неговиот роденден, е само уште еден доказ дека времето не му е противник.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.