Уредникот на „Франс Фудбал“ објасни зошто Винисиус не ја доби „Златната топка“

October 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Уредникот на „Франс Фудбал“ објасни зошто Винисиус не ја доби „Златната топка“

Реал Мадрид ја бојкотираше вчерашната церемонија каде беше доделена најпрестижната индивидуална награда, „Златната топка“. Откако клубот од Мадрид дознал дека Винисиус нема да биде победникот, тие решија да не присуствуваат на церемонијата бидејќи сметаат дека никој друг освен Бразилецот не требало да ја освои наградата. Уредникот на „Франс Фудбал“ Винсент Гарсија откри зошто Винисиус не ја добил „Златната топка“. „Очигледно е дека тоа се случи бидејќи меѓу најдобрите пет беа и Белингам и Карвахал. Винисиус на некој начин математички загуби поени поради своите соиграчи, кои му одземаа дел од гласовите. Ова е резултат и на минатата сезона на Реал, каде што гласовите беа распределени меѓу три или четири играчи од тој клуб, што на крајот го оштети Винисиус, а од тоа профитираше Родри“, вели Гарсија. Тој откри дека имале и притисок од Реал Мадрид за да кажат дали Винисиус е победникот. „Бев под силен притисок од Реал, кои инсистираа да им кажам дали Вини е победник. Веројатно моето молчење ги натера да помислат дека нема да ја добие наградата, па затоа решија да ја бојкотираат церемонијата. Но, таков бев и кон другите големи клубови, бидејќи реков дека победникот нема да биде познат до церемонијата и дека никој нема да биде информиран однапред. Ме изненади што никој од Реал не дојде. Тие сакаа да се промени правилото само поради нив. Гарантирам дека никој од Сити не знаеше дека Родри е победник. Можеби и Ел Класико придонесе за ова однесување на Реал, не знам. Но, не сакам цела ноќ да зборувам за Реал и Вини, туку за нашиот победник, Родри“, рече уредникот на „Франс Фудбал“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.