Уругвај го елиминираше Бразил, а соиграчите Араухо и Рафиња влегоа во конфликт! (ВИДЕО)

July 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Уругвај го елиминираше Бразил, а соиграчите Араухо и Рафиња влегоа во конфликт! (ВИДЕО)

Уругвај успеа да го елиминира Бразил во пенал рулетот и се пласираше во полуфиналето на Копа Америка. Она што е загрижувачко за Уругвај е повредата на Роналд Араухо кој со загрижувачки гримаси го напушти теренот, па претпоставките се дека стоперот ќе ја пропушти и првата фаза од подготовките со Ханси Флик во Барселона. Тој го напушти теренот во 33. минута, но претходно настана еден момент каде тој го бутна младиот Ендрик, па потоа реагираше и Рафиња кој му возврати на Араухо па и тој го турна на земја.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.