Уште не заиграл, Рашфорд веќе размислува за заминување од Астон Вила

February 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Уште не заиграл, Рашфорд веќе размислува за заминување од Астон Вила

Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд во последните денови од зимскиот преоден рок направи неочекуван потег и се пресели во Астон Вила на позајмица. Сепак, тој не гледа долгорочна иднина во тимот од Вила Парк и веќе размислува за трансфер во странство. Според Talksport, Рашфорд не е заинтересиран за можноста клубот да го откупи неговиот договор за 40 милиони фунти. Неговата намера е да се докаже со одлични настапи во Астон Вила, со цел да го привлече вниманието на големите европски клубови, како што е Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.