Уште недојден, Аморим веќе влезе во конфликт со напорните англиски новинари! (ВИДЕО)

November 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Уште недојден, Аморим веќе влезе во конфликт со напорните англиски новинари! (ВИДЕО)

Рубен Аморим наскоро го очекува голем предизвик во Манчестер Јунајтед каде ќе мора од темел да ги решава проблемите со играта и играчкиот кадар. Пред да дојде во Јунајтед, тој најпрво ќе се соочи со Манчестер Сити, дуел кој фановите на „црвените ѓаволи“ ќе го следат со внимание. Во прес-конференцијата пред овој натпревар, Аморим одговараше на прашањата само на португалски јазик, но тогаш се најде еден паметен англиски новинар кој реши да го напне португалскиот тренер. Имено, новинар од „Sky Sports“ инсистираше Аморим да даде одговор на англиски јазик, иако Португалецот упорно одбиваше да го направи тоа и рече дека ќе продолжи да зборува на својот мајчин јазик. Ова е класичен доказ за тоа што го чека Аморим во Англија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.