May 13, 2025 | | Свет
Чаби Алонсо сè уште официјално не седнал на клупата на Реал Мадрид, но неговиот план за новата ера на „Сантијаго Бернабеу“ веќе се соочува со сериозни пречки. Иако има џентлменски договор со Флорентино Перез и се очекува да го преземе тимот веднаш по финалето на Лигата на шампионите, неколку клучни трансфери кои ги имал во глава веќе пропаднаа. Првиот удар дојде од Флоријан Вирц, дијамантот на Баер Леверкузен, кој ја одби идејата да се пресели во Мадрид и сака да премине во Баерн Минхен. Потоа следеше Мартин Зубименди, играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, кој преминува во Арсенал. А најновата болка доаѓа од срцето на одбраната. Алонсо се надеваше дека барем својот омилен стопер Џонатан Та ќе може да го поведе со себе, но и таму плановите му се уриваат. Германскиот гигант Баерн Минхен, по неочекувано агресивен маневар, веќе е во напредни преговори за потписот на Та, кој по крајот на сезоната ќе биде слободен агент. Според шпанскиот весник „АС“, Баерн не само што е во пол-позиција за потписот на искусниот дефанзивец, туку практично ги завршува сите детали. Ако ова се потврди, тоа ќе биде трет „промашен“ таргет за Алонсо уште пред да стане тренер на Реал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |