Ужас: Фудбалер погоден со нож во Колумбија (ВИДЕО)

September 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ужас: Фудбалер погоден со нож во Колумбија (ВИДЕО)

Во рамките на 10. коло во Колумбија, на дуелот помеѓу Атлетико Национал и Атлетико Јуниор  имаше невидени драми. Откако домаќините го постигнаа вториот гол, гостинските навивачи почнаа да фрлаат предмети кон играчите на теренот и навивачите. Она што беше ептен загрижувачко е што еден од фудбалерите бил погоден со нож во главата. Тој имал среќа, па ножот го погодил со задната страна. Тоа ги налути домашните навивачи кои во тој момент трнаа кон напаѓачите и тука настана целиот хаос.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.