Ужас: Легендарниот Адам Салаи колабираше крај аут линијата (ВИДЕО)

November 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ужас: Легендарниот Адам Салаи колабираше крај аут линијата (ВИДЕО)

Дуелот помеѓу Холандија и Унгарија во Лигата на Нации за момент беше прекинат откако крај аут линијата колабираше легендарниот напаѓач Адам Салаи кој сега е дел од стручниот штаб на селекторот Марко Роси. Во тој момент стручниот штаб на гостите направи жива ограда околку легендарниот напаѓач додека му се укажуваше лекарска помош. Тој сега е во свесна состојба и е пренесен во болница. „Адам Салаи е стабилен и свесен. Пред неколку минути со возило на брза помош е пренесен во болница во Амстердам на прегледи“, стоеше во краткото соопштение на Фудбалската федерација на Унгарија. Натпреварот продолжи по паузата од 10 минути.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.