Ужас: Одегард заработи лоша повреда и плачејќи го напушти теренот! (ВИДЕО)

September 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ужас: Одегард заработи лоша повреда и плачејќи го напушти теренот! (ВИДЕО)

Мартин Одегард се здоби со тешка повреда. Повредата се случи во 64. минута на натпреварот меѓу Норвешка и Австрија во Осло кога при резултат 1:1, по дуелот со гостинскиот играч Кристоф Баумгартнер, Одегард падна и се фати за глава. Неговиот скочен зглоб беше целосно изместен каде очигледно се виде дека станува збор за незгодна повреда каде тој со солзи во очите го напушти теренот. „Повредата на Мартин изгледаше лошо во соблекувалната, само знаеме дека е истегнување на скочниот зглоб“, изјави норвешкиот селектор Стале Солбакен. Наредниот натпревар Арсенал ќе го одигра против Тотенхем во дербито северен Лондон. Од претходно е познато дека за овој дуел нема да бидат спремни Калафиори и Мерино, како и Рајс кој е суспендиран.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.