October 12, 2024 | | Свет
Ужасен настан го тресе семејството на играчот на Тотенхем, Сон Хеунг Мин. Наводно, таткото на фудбалерот Сон Веунг-Јун е обвинет за физичко насилство кон едно од децата во академијата на Сон. Обвинителството успеало дека таткото и братот на Сон со корнер знаменце тепале едно дете од академијата и му нанеле повреди во пределот на мускулите. Детето поради повредите поминало и две недели во болница. Семејството Сон сепак ги отфрли ваквите обвинувања тврдејќи дека сите негови потези се од љубов кон децата во академијата, но судот пресуди во корист на обвинителот. Казната за таткото и братот на Сон е парична казна од по 2.220 долари, а ќе треба и да минат 40 часа јавна работа како дел од програмата за заштита на деца од физичко насилство.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |